Navigation

 

Билјана Стојческа е член на тимот на Младински Сојуз – Крушево. Таа е вклучена активно во младински активности на локално, национално и меѓународно ниво повеќе од 13 години. Повеќе од 8 години го координира Секторот за меѓународна програми во рамките на Младински Сојуз. Воедно како еден од лидерите на програмата “Младинско претприемништво и вработување” во последните седум години активно работи на следниве проекти: координатор и тренер на меѓународен тренинг курс  “Ready, steady=JOB” (Млади во Акција); координатор и тренер на меѓународен тренинг курс “Младинското социјално претприемништво во акција” (Млади во Акција); координатор и истражувач во проектот “Социјално претприемништво – тренд или решение за невработеноста кај младите”; – програмски координатор на интернационалниот младински проект “DIVE in Social  Entrepreneurship”  (Еразмус плус).

 

 

Бистра Кумбароска, ко- основачка Business Impact Lab Skopje најлесно може да се опише како иноваторка во заедницата, претприемачка и поетеса. Нејзината страст за претприемништвото ја носи на патување низ Европа, Супсахарска Африка, Југо – источна Азија, каде таа работи со младите луѓе во насока на нудење поддршка за развој на нивниот претприемнички дух. Во моментот, Бистра живее во Австрија и работи како регионален програмски координаторка за Social Impact Award и Investment Ready Program. Во досегашната професионална кариера Бистра има организирано над 125 интернационални работилници и тренинзи, а како говорничка се појавува на повеќе од 70 различни настани, вклучувајќи ги: TEDxDonauinsel, Global Social Business Summit, PODIM Slovenia, Conference of Social Innovations Lahore – Pakistan, Create Future with Creating Jobs Uganda, Rwanda and Turkey, Economic Summit Macedonia, UN Youth Entrepreneurship Forum итн.

 

 

 

Кристијан Милески e координатор на Investment Ready Program за Македонија, програм чиј фокус е да се создаде примамлива можност за странски импакт инвестиции. Посебно насочен кон поддршка на младите во подигање на нивните идеи до реални бизниси, стимулирајќи ги да се вклучат кон светските трендови со вметнување на социјална компонента во своето работење.

 

 

Љубомир Стојчески e основач и извршен директор на Фрешис, прв ресторан за здрава храна со социјален бизнис модел во Македонија, кој во 2016-тата го освои второто место на Наградата за социјално претприемништво. Фрешис донира дел од својот профит во храна за бездомни и социјално загрозени лица, преку тесна соработка со неколку организации и активисти.

Љубомир е дипл. електро инженер, а магистрираше на темата „Клучни предизвици и фактори за успех во управувањето со социјални претпријатија”, на Економскиот факултет во Скопје, насока МБА менаџмент.

 

Марија Матовска е бивша национална координаторка на Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award Македонија. Покрај ова, Марија има огромна пасија за темите врзани со човековите права воопшто, сексуалното и репродуктивно здравје и правата на лицата со попреченост. Токму затоа, Марија и денес е дел од неколку различни здруженија на граѓани и неформални граѓански движења и иницијативи: Инклузивни решенија, Трисомија 21- Скопје, Во мојот свет, Младински совет при Американската амбасада во Скопје и други . Марија исто така е посветена на здравите животни стилови, јогата и планинарењето. Марија е член на извршниот одбор на планинарскиот клуб Љуботен- Тетово и член на алпинистичкиот клуб Матка.

 

Наташа Чавдаровска е ко-основач и претседателка на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Нејзиниот интерес за економијата и претприемништвото се јавува уште за време на интердисциплинарните студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје. Затоа решава да запише последипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, каде што како потесен интерес ги избира семејните бизниси. Своето формално образование, заедно со неформалното знаење и со вештините кои ги стекнува работејќи во националниот и интернационалниот граѓански сектор повеќе од една деценија, ја доведоа до формирање на ФОРУМ 16 и чекор поблиску до отпочнување на сопствен бизнис. Како претседателка на ФОРУМ 16 овозможи промовирањето и поддршката на активното учество на младите во општествениот и економскиот живот на Македонија да биде дел од долгорочната стратегија на организацијата.

 

 

Виктор Митевски е ко-основач на StartUp Academy, едукативен проект кој на младите претприемачи им овозможува едукативна програма со која можат да го валидираат пазарниот потенцијал на нивната иновативна идеја. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. За време на престојот Виктор раководи со акцелераторската програма на Startup Aggieland, бизнис акцелератор во рамки на Texas A&M. Истовремено учествува во креирањето на најголемиот претприемнички проект на универзитетот, The Blackstone LaunchPad at Texas A&M, кои има за цел да ги обедини сите претприемнички иницијативи и активности на универзитетскиот кампус. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Almost there

You need to register in order to submit your bulletin & vote.

× close