• SOCIAL IMPACT AWARD 2018: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ФИНАЛИСТИТЕ

    1. Продолжи со насмевка

    Продолжи со насмевка е автобиографски мотивациски проект кој се заснова на лични животни искуства и научени поуки од нив. Сите приказни ги поврзува една заедничка животна определба: „Што и да ми се случува во животот, секогаш продолжувам со насмевка“.

    Овој концепт е базиран на 3 главни теми:

    1. Позитивен пристап како начин на справување со најразлични животни ситуации
    2. Техники, искуства и научени лекции во кариерата како основа за професионален напредок
    3. Подеми, падови и изненадувања во љубовните односи

    2.Социјално претпријатие за борба против општествената стигма кон лицата со ментална попреченост

    Предизвикот на ваквото социјално претпријатие е да се грижи за кариерата на артистите (Музичари, актери, комичари, магионичари) и истите ќе ги промовира во медиумите, а дополнително и ќе обезбедува настапи за секој од нив. Уметниците ќе бидат амбасадори на социјалната мисија на претпријатието, која е борба против стигмата кон лица со ментални болести и попречености. Мисијата на претпријатието е предвидена да се постигне така што уметниците ќе се едуцираат за менталното здравје, а воедно ќе одржуваат свои настапи во психијатриски болници, па така ќе се стави акцент на запознавање со предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.

    3. Workceed

    Workceed e стартап компанија, која се стреми кон решавање на социо-економските проблеми, поточно невработеноста. Анализирајќи го проблемот со невработеноста, воочени се три круцијални компоненти поради кои истата е во пораст, а тоа се: недоволна експертиза, недоволна комуникација помеѓу работникот и работодавачот, како и огромен обем на информации на социјалните мрежи на дневна основа. Workceed е платформа која работи на база на паметен алгоритам, кој ја подобрува комуникацијата, ја зајакнува експертизата и со корисниците споделува единствено битни и суштествени информации, во зависност од полето на работа. Платформата всушност претставува спој од агенција за вработување, ЛинкдИн и Фејсбук. Пребарувањето на Веб страната се врши автоматски и со самото тоа креира одлично корисничко искуство, при што компаниите добиваат соодветни работници, а работниците од друга страна добиваат информации единствено за работните места за кои би сакале да аплицираат или се погодни за аплицирање. Нашата визија е на ваквата платформа да работат што поголем број на компании, но нашата мисија е многу повеќе од тоа. Крајната цел е да ја реструктуираме важноста на социјалните медиуми, како такви, и преку нив да придонесеме за позитивен општествен импакт. Времето е драгоцено, оттаму не би смееле да го трошиме залудно. Со Workceed го инвестираме нашето време онлајн, но за возврат добиваме вредности, контакти и знаење.

    4.Sweet and Fit

    Sweet & Fit е онлајн слаткарница која нуди потполно здрави слатки, изработени исклучиво од овошје, јаткасти плодови и природни засладувачи. Во нашето уникатно претпријатие постојат опции за вегани, лица со интолеранција на глутен и млеко, дијабетичари, лица на сирова исхрана и други видови на диетални рестрикции. Процент од профитот ќе биде дониран во здружение на граѓани “Љубезност”, кое им помага на социјално загрозени и бездомни семејства и поединци за извршување на нивните редовни активности како снабдување на лицата на кои им е најпотребно со храна, облека, лекови, покуќнина и слично.

    5.QxJunk

    ”Дали е отпад она што мене не ми треба, а што може да го користи некој друг?”

    QxJunk е идеја посветена кон редизајн на веќе употребени материјали и нивна трансформација во квалитетно, дизајнерско и еко функционално парче мебел.

    Со оглед на тоа дека во Македонија поимите рециклирање и реупотреба се далеку од централниот фокус во животниот стил, оваа идеја се насочува кон создавање на позитивна слика за поимот отпад, отпадно редуцирање и отпадна реупотреба, како и зголемување на еколошката свест во околината и креирање на Голема слика за проблемот со одпадот во светот.

    6.Recycle.ly

    Поттикнати од високата стапка на загаденост во Скопје и позиционирање на првото место на најзагадени градови во светот, ја креиравме идејата Quote.ly. Quote.ly е маркет, во кој самите купувачи ќе имаат можност да добијат бенефииции од рециклирањето на пластиката, како средство, кое претставува вистинка закана за планетата. Маркет, кој е наменет за сите луѓе, кои при преку приложувањето на едно шише пластика, ќе имаат можност да пазаруваат во маркетот и да добијат одредени поволности. Придобивките од оваа идеја се едни од најважните за заедницата како: намалување на загаденоста преку зголомеување на еколошката свест кај луѓето, намалување на невработеноста и подобрување на економската состојба на луѓето, која претставува главна нишка за напредок на едно општество.

    7.Pixyle

    Pixyle е  бизнис кој е воден од една идеја – да им овозможи на потрошувачите едноставно да купуваат различни видови облека која влегува под доменот на одржлива мода. Pixyle во суштината користи алатки и техологии од областа на вештачката интелигенција која ги учи машините да препознаваат различни облици на слики. Нашата платформа понатаму ги процесира тие слики и ги споредува со облеката која ја нудат брендовите од областа на одржливата мода со кои ние соработуваме и истите понатаму се препорачуваат на крајните купувачи. На овој начин, многу лесно ги откриваме потребите на купувачите, а купувањето облека од одлжливи брендови го правиме едноставно и со многу ниски трошоци за околината и опшеството.

    8. G route

    Идејата на нашето социјално претпријатие е стимулирање на граѓаните на град Скопје помасовно и почесто да го користат велосипедот како превозно средство. Стимулацијата би се одвивала преку апликација која ќе има за цел да го регистрира бројот на поминати километри со велосипед врз основа на што секој корисник ќе добива одредени поени со кои ќе му следуваат бенефиции од типот на попусти на карти за кино, театар, музеи, жичара итн. А со вклучување и на приватните компании попусти во маркети, попусти на карти за концерти и други поволности. Максимален број на поени може да се освои во периодот од 7-9h и од 15-18h кога и гужвите се најголеми. Предвидено е апликацијата да дава информации за тоа колку корисникот како поединец ја намалил емисијата на CO2 патувајќи со велосипед, наместо со кола, како и колку пари заштедил со оваа постапка. Освен тоа апликацијата ќе дава информации во реално време за тоа коку луѓе возат велосипед во моментот и колку заедно придонесуваме за почиста околина и ќе има натпреварувачки карактер, т.е ќе постои опција пријателите меѓу себе да можат да се натпреваруваат кој ќе постигне подобри резултати и повеќе ќе придонесе кон прочистување на животната средина.

    9.ECOmmunity

    Идејата позади ECOmmunity е платформа, која ќе и служи на заедницата како линк преку кој луѓето ќе можат да продаваат рециклирани материјали на компаниите на кои истите им се потребни. Ваквата платформа ќе допринесе за заштита на околината и ќе ги поттикне граѓаните да рециклираат, а воедно ќе стави акцент и на загадувањето на воздухот, кој е суштествен проблем, како во Република Македонија, така и на глобално ниво.

    10.Medic Home APP

    Medic Home APP претставува апликација, која ќе нуди совети за здраствени проблеми со кои луѓето се среќаваат секојдневно односно во зависност од проблемот. Ваквата апликација е предвидена да нуди привремени солуции и да ги упати лицата т.е да ми укаже каде треба да се обратат, согласно проблемот со кој се соочуваат.
  • 150 млади луѓе од 18 различни држави и една прекрасна локација – Белград!

    Дали имаш тим спремен за предизвици?

    Можеби отсекогаш си имал желба да бидеш дел од интернационална дружба со млади од целиот свет?

    Или пак, едноставно, сакаш да патуваш и да ги споделуваш своите идеи?

    Ако одговорот е да, во тој случај ова е идеална прилика да погледнеш како си поминавме на СИА интернационалниот самит во динамичниот Белград, Србија, заедно со 150 млади луѓе – социјални иноватори од 18 земји!

    Победниците на минатогодишната награда за социјално претприемништво (SIA) имаа можност да отпатуваат во Белград и да бидат дел од големата дружба на глобалното СИА семејство, каде се забавувааа и решаваа општествени проблеми, преку едукација и споделување практични искуства со уште 150 млади луѓе од цела Европа.

    Работилниците и дружбата од овој тип не само што помогнаа во оформување пријателства и познанства, туку и го зголемија интересот за заеднички акции, за подобро запознавање со останатите млади претприемачи, излегување од зоната на комфорт, одбегнување на предрасудите и соочувањето со нови предизвици. Ова искуство претставуваше водилка за идните иноватори и претприемачи, кои нема да пренесат само идеи и мисли, туку истовремено и ќе бидат подготвени за преземање иницијативи.

    Сонувавме, се дружевме, иновиравме и се едуциравме!

    Токму тоа е и идејата на Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018, еден од најголемите студентски натпревари спроведуван во 20-тина земји од Европа и светот каде што младите предлагаат решенија за општествени проблеми.

    По четврти пат, ова натреварување се случува во Македонија, а за неговата реализација се задолжени Social Impact Lab со Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак и Конто Профит.

    Наградата им нуди можност на младите во Македонија на возраст од 14 до 30 години да аплицираат со свои идеи за социјален бизнис и да освојат парични средства, инкубација, менторство, вмрежување и учество на овогодинешниот меѓународен самит во Грузија.

    Преку Наградата за социјално претприемништво досега се поддржани 32 бизнис идеи од земјава.

  • Победници 2017

    “Sozdadi.com”

    Создади се’ што ќе посакаш

    Sozdadi.com е регионална онлајн заедница која поврзува и преку пласирање на локални производи на пазарот, пружа безброј можности за развивање на мал локален бизнис до бренд.

    20% од месечните приходи на Sozdadi.com се одделуваат за продажба и промоција на производи и ракотворби изработени од страна на маргинализирани групи на граѓани и жртви на семејно насилство, па така со купување и продавање на производи од Sozdadi.com сите ние стануваме амбасадори во општествената борба за инклузија на пазарот на труд.

    Стручниот и вреден тим на Sozdadi.com, со цел развој на локално претприемништво, ја креираше ваквата онлајн  платформа, која е ориентирана кон заедницата, за да во неа секој ракотворец и производител добие безбеден простор, во кој ќе креира своја сопствена онлајн продавница и преку неа ќе го развива своето хоби или домашен производ.

    Sozdadi.com се стреми кон конекција, а не трансакција. Со подигнување на свеста за загрижувачки општествени предизвици, преку дискусија, иновација и технологија ќе се подобри бизнис средината, со цел позитивна промена во нашето општество.

    “Со Sozdadi бевме едни од победниците на наградата за социјално претприемништво (SIA) во 2017та година и целиот тим на програмата не водеше низ процесот на развој на идејата до степен на социјално претпријатие. Сметамe дека ваквата награда за социјално претприемништво отвора нови погледи и можности за сите млади луѓе и студенти, затоа што нема ништо поубаво од тоа да создаваме култура на студенти кои се спремни да излезат надвор од својата комфорна зона и преку инкорпорирање на своето теоретско знаење во бизнис модел кој функционира во пракса, да создаваат подобро општество за сите.”

    „АВАВ ХЕПИ ДОГ ЦЕНТАР“

    АвАв Хепи Дог Центар“ е проект со кој што ќе се обезбеди заштита на правата на животните преку времено вдомување и нега на бездомните кучиња, а во исто време како бизнис модел, основните приходи ќе се обезбедат преку забава и грижа за домашните миленичиња, преку хотел за кучиња, дневна градинка, кафетерија за релаксација на сопствениците со своите миленици како и продавница со акцесоари и храна за домашните миленици, и создавање на заеднички простор за  игра и забава на домашните миленици односно парк за кучиња. Со овој проект се очекува да се влијае на намалување на бројката на незгрижени бездомни животни, а со тоа и да се воведе еден европски стандард кој ќе направи голем исчекор во решавање на сериозниот проблем од социјален интерес.

    “На идните учесници на наградата за социјално претприемништво (SIA) им препорачуваме да се пријават доколку имаат идеја за социјален бизнис кој би придонел за нашето општество, идеја во која веруваат и доколку имаат добар бизнис модел, а со помош на SIA ќе развијат и усовршат добар бизнис план, кој навистина може да функционира. Во никој случај не треба да се откажуваат  без разлика дали ке ја добијат наградата или не, да веруваат во себе но и да ги слушаат менторите кои имаат одлично менторско искуство за бизнис модели. “

    ,,COTERIE”

    Coterie има за цел да го намали текстилниот отпад во Македонија преку креирање на моден бренд чии што колекции ќе бидат составени од реупотреба на текстилот (отпадоци од кројачници, second hand облека, како и облека која што луѓето не ја носат). Воедно парчињата облека ќе бидат рачно украсувани, односно на нив ќе везат, ткаат и плетат. За да бидат уште поуспешни во процесот на пренесување на Македонските вештини и ракотворби, тимот на ,,Coterie” планира да ангажира долгорочно невработени жени, кои се мајстори во занаети што изумираат, како плетење, везење, ткаење. На самиот почетокот од програмата беа два тима со комплементарни идеи, кои одлучија да направат поуспешен i заеднички проект. Така се роди концептот на Coterie – препознатлив бренд од Mакедонија, кој ќе се продава на западно-европските пазари.

    “Сметавме дека наградата за социјално претприемништво (SIA)  е одлична можност да го тестираме нашиот концепт и да видиме како општеството и околината ќе реагираат на ваков проект, односно да ќе не поддржат да му дадеме втора шанса на текстилот. Целовкупната програма е предизвик за сите учесници да претворат идеја во реален социјален бизнис. Едноставно е искуство што може целосно да ви даде нов поглед кон бизнис светот и да ве натера да излезете надвор од комфор зоната. Ќе запознаете луѓе кои ќе станат ваша инспирација, но и најголема подршка да го остварите вашиот сон за создавање на нешто вредно, кое ќе допринесе во развојот и растот на луѓето околу вас.”

    “Храна за сите”

    Во услови кога во светот има милиони хронично гладни, а рецесијата регрутира нови и тоа од богатите држави, се јавува потребата од нови иницијативи за освестување на граѓаните во врска со храната.

    Сè повеќе сè работи на подигнување на колективната свест за важноста за донирање и реупотреба на храната на глобално и локално ниво.

    Јане Заевски е креатор на идејата Храна за сите – онлајн платформа за донација и продажба на храната која угостителските објекти и продавниците не успеале да ја продадат во текот на денот. Во ова можат да се вклучат сите оние објекти кои продаваат храна, па тие наместо да ја фрлаат ќе ја донираат храната за бездомниците или ќе ја продаваат по пониски цени за граѓаните.

    Мисијата на ,,Храна за сите” е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја и заеднички да ја вратиме изгубената вредност на храната. Таа треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци.

    Главната цел на „Храна за сите“ e да се сведе на минимум фрлањето храна. Секој ресторан може да се регистрира на платформата и секогаш кога ќе имаат вишок храна, да ја донираат.

    “Наградата за социјално претприемништво не увери дека е возможно нашите идеи да се реализираат и истите да направат видлива промена и да бидат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество “

     

     

     

  • SOCIAL IMPACT AWARD 2017: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ФИНАЛИСТИТЕ

    1.  Асоцијација Мисла

    Низ слоганот „среќен човек, здраво општество”, Асоцијација Мисла ги насочува своите сили, моќ и знаење кон поддршка на граѓаните со ментални болести и другите маргинализирани групи. Цели кои се во насока на остварување на нивнита мисија се: подобрување на здравјето и инклузија на лицата со психолошки нарушувања и дијагноза преку нивна работна ангажираност во нашите активности.

    Здружението ќе врши статутарни добротворни активности како што се едукација, семинари, организирање групи за самопомош и акција за одбележување на 10 октомври – денот на ментално здравје, активности за кои што ќе бара поддршка од донации. Лица од целните групи ќе добијат можност за работно ангажирање, социјализација и забава кои можат да имаат терапевтски  ефект врз нив.

     

    2. Coterie – The Art of Up-Cycled Clothes

    Живеејќи во земја каде што загадувањето е сериозна закана, овој проект  презема акција со тоа што цели кон рециклиање, и тоа со произведување на оригинална и посебна облека од рециклирана облека од втора рака и текстилен отпад. Овие рачно изработени и модернизирани алишта, који содржат традиционални македонски украси, ќе бидат произведувани од страна на невработени жени који ги имаат соодветните знаења и вештини потребни за да го создаваат саканиот производ. Истовремено, ќе се обезбедува практично искуство (пракса) за ученици од стручните средни училишта. Конечно, со купување на едно парче облека од брендот, клиентите ќе можат да изберат дали сакаат да донират едно парче на обесправено социјално лице или да садат дрво во Македонија.

     

    3. Онлајн платформа за продажба и маркетинг на производи од домашно производство и ракотворби

    Онлајн платформа за продажба и маркетинг на производи од домашно производство и ракотворби е прва платформа преку која ракотворци и домашни производители од Република Македонија ќе добијат можност да ги промовираат и продаваат своите производи, да остварат приходи и да ги развијат нивните домашни активности и хоби во мали, профитабилни бизниси.

    Процент од заработката ќе биде алоциран за помош на граѓани од ранливите категории и жртви на семејно насилство кои имаат некакво креативно хоби, со што, преку поволни услови за пласирање на производите и бизнис обуки, ќе ги поттикнеме истите да оформат свој бизнис токму на нашата платформа, со цел пристоен живот, општествена инклузија и поголема застапеност на жената на пазарот на трудот. Профитот ќе се реинвестира за постигнување на конкретна општествена промена преку иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој.

     

    4. Храна за сите – Food for everyone

    Нискиот стандард во кој што живееме, наспроти тони фрлената храна е вистински парадокс. Само на скопската Депонија, Дрисла, годишно завршуваат повеќе од 1 730 тони храна годишно, додека речиси 450 000 Македонци имаат само еден оброк дневно.

    Мисијата на овој проект е да се врати изгубената вредност на храната како нешто што треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци.

    Храна за сите претставува андроид апликација и веб-страна која ќе Ви овозможи да се информирате и купите вкусна храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониска цена и до 80% од регуларната.

     https://www.facebook.com/Hranazasite.mk/

     

    5. Grid from Gym – GG (ЏиЏи)

    Grid from Gym е проект кој има за цел да произведува електрична енергија преку теретана, односно, преку машини за вежбање и човечка енергија.  Во основа, клиентите ќе вежбаат, а процесот на вежбање ќе резултира со производство на енергија, која ќе биде продадена на дистрибутивните компании за енергија. За возврат, компаниите ќе треба да ги надоместуват или да ги намалуваат електричните сметки на тие семејства кои претставуваат социјални случајеви или немаат никакви приходи.

     

    6. Recycle and Get a Bonus

    Главната цел на овој проект е собирање на маслото за готвење од домаќинствата, со цел да се заштити животната средина и да се обезбедува финансиски профит за луѓето кои ќе го прават тоа. Наместо да се фрла маслото за готвење, домаќинствата ќе бидат во можност да го собераат и да го стават во машини за собирање на искористено масло за готвење, и притоа да добијат монети за подарок. Целото масло за готвење што ќе го собераат машините, ќе биде продаден на компаниите што произведувaат био дизел.

     

    7. You Are Not Alone

    You are not alone претставува онлајн платформа за бесплатно советување на младите, обезбедувајќи им целосна анонимност. Ова веб платформа ќе овозможува една безбедна средина за младите да ги изразуваат нивните најинтимни маки и различни проблеми, со кои се соочуват во нивното секојдневие, и во исто време да добиваат професионални совети од експерти од различни области. Проектот е истотака фокусиран кон организирање на програми за обука и консултации за различни целни групи.

     

    8. Изработка на логопедски материјал

    Во Македонија има недостаток од логопедски надгледен материјал на Македонски, Албански, Ромски, Турски и Влашки јазик, кој логопедите го користат како помошно средство за рехабилитација на деца со пречки во развој. Овие материјали сега се нарачуваат од странство, но нивната употреба е несоодветна поради јазикот. Мисијата на овој проект е да се дизајнираат логопедски материјали и да се направат прототипи на Македонски и Албански јазик, а потоа и на другите јазици. Истите би се објавиле во Македонија, и ќе бидат од голема корист како за логопедите така и за родителите – котерапевти.

     

     9. АвАв – Хепи дог центар

    Изградба и водење на забавен парк за кучињата, заедно со центарот за засолниште на кучиња “AvAv Happy Doggy Center” е проект кој што ќе обезбеди заштита на правата на кучињата преку привремено засолниште и негување на бездомни кучиња, и истовремено бизнис моделот ќе генерира исходи преку создавање на забавен парк за кучиња, продавници за кучиња, хотел за кучиња, дневна нега и кафуле за сопствениците. Во посебниот простор,  ќе има посебно засолниште за кучиња бездомници. Со овој проект се очекува да се намалува бројот на бездомни кучиња во Скопје.

     

    10. Како ново – As good as New

    As Good As New е одржлив модел за намалување на електронски отпад и промовирање на младинска вработеност и социјална вклучување. Проектот нуди рециклирани и поправени апарати за домаќинство за достапни цени, особено насочени кон индивидуалци и семејства со ниски исходи. Загрозените млади ќе придобиваат од обуката и менторската помош за зајакнување на нивните вештини и капацитети, и нивната способност да влезат на пазарот на трудот.

  • Од идеа до реализација – 10 нови потенцијални социјални бизниси влегуваат во фазата на инкубација

    Десетте млади социјални претприемачи, кои се избрани како финалисти во натпреварот Social Impact Award, имаа можност да учествуваат на предакселераторски тренинг,поддржан од  Македонски Телеком како општествено одговорна и иновативна  компанија.  Учесниците на тренингот, кој се оддржа во Телеком Иновативниот центар од 05 до 10 јуни 2017 година, се здобијаа со продлабочени знаења како и проценка на фазата на развој на нивните бизнис идеи.

    Финалистите имаа можност да слушнат презентации на дел од учесниците во Social Impact Award 2015 И 2016 година и да разменат искуства. Притоа, на секој од десетте избрани тимови им беше доделен по еден индивидуален ментор, кој ќе им помогне понатаму да се натпреваруваат за трите финансиски награди обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија и едната нефинансиска награда од Конто Профит.

    Иако наградите се стимул за младите луѓе, вредноста на оваа програма е многу поголема од тоа. Учествувајќи во Social Impact Award, младите добиваат едукација, пристап до останати интернационални програми, вмрежување со заедницата, како и можност за отпочнување на сопствена кариера и решавање на локални и глобални општествени предизвици.

    Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award, која по третпат се организира во Македонија, е веќе присутна во 18 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

    Локално, Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, оддел Social Impact Lab, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, Конто Профит, Македонски Телеком и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител. Областите околу кои гравитираат социјалните бизниси на оваа група на млади амбициозни луѓе  се: справување со вишоците на храна, остатокот на масло од домаќинствата, остатокот од текстил, старите неискористени електрични апарати, како и грижа за животните, лицата со попреченост, домашните ракотворци, менталното здравје на младите и луѓето воопшто, обновливите извори на енергија и социјално загрозените семејства. Победниците ќе бидат прогласени на 2 октомври 2017 година во рамки на настанот Social Innovators Conference.

  • Social Impact Award: Запознајте го Жирито

    На  4-ти Мај, се оддржа настан кој им овозможи на сите идни социјални претприемачи и претприемачки да добијат евалуација за нивните бизнис идеји од професионално жири. Членовите на жирито беа Климентина Илијевски, Филип Ивановаски, Викторија Јовановска, Елена Богдановска и Јасмина Поповска, помеѓу другите.  Настанот се оддржа во Јавна Соба во Скопје, а беа присутни повеќе од 30 идни учесници во програмата Social Impact Award. Како резултат на настанот се пријавија 25 луѓе, кои што донесоа нови иновативни идеји што ќе влијаат врз животот на луѓето во Македонија на позитивен начин.

  • Работилници „Social Impact Award“

     

    Во периодот од февруари до април 2017, во неколку града низ државата, поточно во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп и Штип, беа спроведувани едукативни работилница за средношколци и студенти во земјата.

    Работилниците беа поддржани од неколку институции низ различни градови, кои што го обезбедија просторот за одвивање на работилниците, како што се: Фонд за иновации и технолошки развој – Скопје; Економски Факултет – Скопје; Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово; Училиште Нетинг – Тетово; SEDC Business Simulator – Сивус, Скопје; Американско Kатче – Битола; Филозофски факултет – Скопје; Економски Факултет – Прилеп; International Vision University – Гостивар ; SEEU Tech Park – Тетово; Раде Јовчевски Корчагин – Скопје, ФИКТ – УКЛО во Битола; и Еконосмки Факултет – Штип.

    Работилниците опфаќаа различни теми, преку кои  над  300 учесници имаа можност да научат што претставува социјалното претприемништво, да почнат да развиваат идеи за општествени бизниси, да се запознаат со специфични бизнис модели и да почнат да работат на развивање на своите идеи.

  • Отворање на Наградата за социјално претприемништво

    Младите во Македонија на возраст од 14 до 30 години од 22 февруари, па се до 8 мај 2017 ќе имаат можност да аплицираат со своите идеи за социјален бизнис и да освојат парична награда, како и инкубација, менторство, вмрежување и учество на меѓународен настан од областа на социјалното претприемништво.

    Ова го овозможува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), која по третпат се организира во Македонија. Оваа награда е веќе присутна во 20 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

    Во Македонија, Наградата за социјално претприемништво ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје, Маратон, Конто Профит и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

    „Младите ќе можат да аплицираат со своите идеи за социјален бизнис преку платформата на наградата – https://macedonia.socialimpactaward.net. На овој начин, младите добиваат можност да влезат во десетте финалисти, кои во текот на летото ќе работат со експерти/ ментори и ќе ја доразвијат својата идеја. Понатаму, во септември стручното жири ќе одбере три победници, кои ќе добијат по 2000 евра од Шпаркасе банка. Четвртата награда, наградата изгласана од он –лајн заедницата ќе добие дополнителна менторска поддршка. Сите четири тима на почетокот на ноември ќе одат на меѓународната средба на млади социјални претприемачи во Белград“, изјави Марија Матовска – Националната координаторка на програмата.

    Свое обраќање на отворањето на Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), кое се случуваше во Јавна Соба на 22.02.2017 во 12 часот, имаа и Елена Богданова, Директор на секторот за Управување со правни лица (Шпаркасе банка – Македонија), на тема „Бизнис секторот и неговата вклученост“, како и Јасмина Поповска, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, која зборуваше за „Социјални иновации“. На крајот следуваше панел дискусија со тројца минатогодишни победници на Наградата за социјално претприемништво.

    Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.За сите дополнителни информации во врска со натпреварот и програмата, слободно контактирајте не‘.

     

  • Повик за учество на летна програма за социјално претприемништво

    Младиинфо Интернационал поттикната од интересот за Наградата за Социјално претприемништво, ја организира првата летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.

    Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство на Диего Хетерман, поранешен ментор за Наградата за социјално претприемништво во Австрија, кој беше и обучувач на првото издание на истата во Македонија во 2015та година.

    Обуката е бесплатна и ќе започне на 14ти јуни со времетраење од 5 недели(една работилница неделно) и ќе се имплементира во простоорите на ХАБ Скопје. На крајот од програмата, сите учесници кои ќе присуствуваат на минимум 4 сесии ќе се здобијат со сертификат за учество.

    Сите заинтересирани потребно е да ја пополнат апликацијата најдоцна до 5ти јуни 2016.